петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен дилер од струмичко, при претрес пронајдени амфетамин и марихуана

Приведен дилер од струмичко, при претрес пронајдени амфетамин и марихуана

Денеска (25.03.2022), полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода T.М.(37) од село Василево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања амфетамин и марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и за настанот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.