Португалија најавува внимателна игра против Македонија, со оглед на изненадувањето кое го приреди нашата репрезентација против Италија.
Жоао Мутињо има почит за нашиот национален тим, кој според него ќе претставува проблем и за играта на португалската селекција.
„Мора да бидеме внимателно со топката и да не избрзуваме со нашата игра. Мора да бидеме на вистинското место во вистинското време. Македонија игра добра одбрана и чека шанса од контранапад. Наша работа ќе биде да ги искористиме шансите пред противничиот гол. Очекуваме тежок меч и сметаме дека можеби нема да имаме така изгледни шанси. Штом стигнаа дотука, македонските фудбалери заслужуваат почит од нас. Имиња и ѕвезди не победуваат натпревари. Затоа не смееме да имаме преголема самодоверба“ , вели играчот за врска.
Кристијано Роналдо е најголема ѕвезда на Португалците, кои ќе бидат домаќини во вторник на „Драгао“ во Порто.