вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од тетовско осудено на две и пол години затвор за извршени тешки кражби

Приведено лице од тетовско осудено на две и пол години затвор за извршени тешки кражби

Денеска (26.03.2022) во 13.20 часот од страна на инспектори од Одделот за криминалистичка полиција Тетово е лишен од слобода В.Б.(23) од с.Церово, тетовско. За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци за извршени тешки кражби, по член 236 од Кривичниот законик.

Тој бил приведен и спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.