Еден од најдобрите на мечот против Италија дефанзивецот Висар Муслиу. Столбот пред историскиот меч со Португалија изјави:
„Секако е дека емоциите за Италија се завршени. Сега цел поглед ни е кон Португалија. Мора да се потрудиме многу, знаеме дека ова е можеби шанса која ќе ја имаме еднаш во животот. Мора да дадеме максимум и да се потрудиме да победиме, па така ќе испишеме нова историја за нашиот фудбал. Секој нов меч е различен од претходниот, но знаеме дека чека еден многу тежок меч, со многу притисок и на наша и на нивна страна. Тоа мора да го отстраниме со нашата професионалност. Португалија е фаворит на хартија, сите го велат тоа. Но, ние не мислиме така. Знаеме за каков квалитет се говори. Италија исто имаше квалитет како европски првак, па така сметам дека и ние не сме без никакви шанси во финалето“, изјави Муслиу.
Следува судир со Португалија, кој е закажан за вторник со почеток од 20:45 часот.