среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ашковски: Ќе направиме се за да ја израдуваме Македонија

Ашковски: Ќе направиме се за да ја израдуваме Македонија

Стефан Ашковски вели дека Португалија има добри индивидуалци но верува дека Македонија со одлична тимска игра може да приреди уште едно изненадување и да обезбеди пласман на мундијалот во Катар.

„Емоцииите полека стивнуваат, следува дуелот со Португалија и ќе дадеме се за да ја израдуваме цела Македонија, нормално и самите себе. Убеден сум дека можеме многу“ – вели Ашковски.

„Не би сакал да говорам околку квалитетот на Португалија, сите знаеме дека се работи за одлична репрезентација, имаат сличен квалитет како Италија. Се надевам на уште подобар натпревар од оној во Палермо.Противникот има добри индивидуалци, но во фудбалот денес поважен е тимот. Италија исто така имаше одлични индивидуалци, но видовме дека како тим не беа така сплотени“.