среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Во Порто ќе суди арбитар кој е „таличен“ за Македонија

Во Порто ќе суди арбитар кој е „таличен“ за Македонија

Англискиот арбитар Ентони Тејлор ќе биде главен судија на финалниот бараж меч меѓу Португалија и Македонија во вторник на „Драгао“.

На Ентони Тејлор од Англија, ќе му помагаат неговите сонародници Гери Бесвик и Адам Нан.

Тејлор е „среќен“ за нашата репрезентација бидејќи судеше во баражот за Европско првенство кога Македонија во Тбилиси ја победи Грузија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да направат уште едно големо изненадување, откако во полуфиналето ја елиминираа Италија.