На 26.03.2022 во врска со инциденти на навивачи за време и по ракометниот натпревар Скопје, помеѓу екипите на Вардар и Пелистер, кој се одржа во спортска сала на подрачјето на Аеродром, од страна на полициски службеници во полициска станица се приведени Д.А.(43) од Скопје и Т.Г.(37) од Битола и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во врска со настанот, во СВР Битола било пријавено дека околу 18:45 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје од повеќе лица биле оштетени два автобуса, со прилепски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Прилеп и два автобуса, со битолски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Битола, кои превезувале навивачи на спортски натпревар.
Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.