Над 1.000 Украинци вчера се евакуирани преку двата договорени хуманитарни коридори, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.
-Евакуацијата е извршена денеска преку двата хуманитарни коридори. Дури 1.100 луѓе се евакуирани, рече вчера Верешчук.
Како што таа додаде, станува збор за луѓе кои биле евакуирани од регионите Доњецк и Луганск, пренесе Тасс.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека руската страна од 10 часот секој ден отвора хуманитарни коридори од Киев, Чернигов, Суми, Харков и Мариупол.