понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Киев тврди дека Русија распоредува ракетни системи „Искандер“ во Белорусија

Киев тврди дека Русија распоредува ракетни системи „Искандер“ во Белорусија

Руската армија подготвува нови ракетни напади врз Украина и тоа од мобилни лансирни рампи во Белорусија, тврди Генералштабот на украинската армија, јави ДПА.

Украинската Служба за воено разузнавање тврди дека ракетни лансирни рампи од типот „Искандер“ се распредени во близина на Калинавичи, во југоисточна Белорусија.

Тврдењата на Киев не се потврдени од независни извори, додава ДПА.

„Искандер“ е мобилен ракетен систем способен да лансира балистички ракети со краток дострел и крстосувачки ракети. Експертите забележуваат дека проектилите после лансирањето исфрлаат т.н. „мамки“ за да ги збунат радарите или системите за противвоздуишна одбрана.