На 27.03.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на клупа кај Домот на културата во Гостивар бил пронајден починат И.З.(61) од Гостивар.
-Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
По наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.