Состојбата со пожарите во неактивната зона на нуклеарната централа Чернобил е стабилизирана, соопшти денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Вадим Денисенко.
– Од различни страни пристигнуваат информации дека пожарот наводно се шири на 10 хектари, рече Денисенко. Тој додаде дека пред две недели навистина имало пожари, но дека се изгаснати и дека сега може да се каже дека нема големи пожари.
– Ситуацијата со пожарите во Чернобил е стабилна и под контрола. Тој уште дополни дека нивото на радијација во Киев и во регионот е нормалн.
Претходно, украинското Министерство за заштита на животната средина и природни ресурси пријави пожари во шуми и напуштени села во близина на нуклеарната централа во Чернобил.