вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Oбвинение за давање лажен исказ

Oбвинение за давање лажен исказ

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик во врска со член 26 став 2 од Законот за извршување.

Обвинетиот делото го сторил во својство на должник при спроведување на извршна постапка, при што во периодот од 26.02 до 28.02.2022 година не постапил согласно доставеното барање за податоци во законскиот рок од 3 дена и го прекршил Законот за извршување.​