Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги осуди „последните терористички напади“ во Израел, повикувајќи веднаш да се запре насилството.
– Таквите насилства никогаш не може да се оправдаат, сите мора да ги осудат, се наведува во соопштението од портпаролот на Гутереш.
САД, исто така, ги осудија нападите во предградието на Тел Авив.
– Ова насилство е неприфатливо. Израелците, како и сите луѓе во светот, треба да живеат во мир, без страв, истакна шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен.
Вооружен напаѓач синоќа уби најмалку пет лица во предградие на Тел Авив. Шест лица загинаа во други два напада изминатите денови.
Палестински екстремистички организации го поздравија оружениот напад во Бнеи Брак, каде синоќа беа убиени петмина Израелци. Засега никој не презеде одговорност за нападот.