петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Франција не гледа напредок во руско-украинските разговори

Франција не гледа напредок во руско-украинските разговори

Франција не гледа знаци на пробив во разговорите меѓу Украина и Русија и ќе почека делата да ги следат зборовите, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

-Војната продолжува и засега, колку што знам, нема пробив или нешто ново, рече Ле Дријан во интервју за радиодифузерите Франс 24 и РФИ.

Тој додаде дека „има многу изјави од руските власти“.

– Ќе верувам само на дела, нагласи шефот на француската дипломатија.(МИА)