Во Србија на полноќ почнува изборен молк во пресрет на парламентарните, претседателските и локалните избори, кои ќе траат до недела, 3 април, до 20 часот, кога ќе се затворат избирачките места.
За време на предизборниот молк, забранета е изборна пропаганда, одржување на јавни собири и објавување оценки за изборните резултати. За време на изборниот молк на избирачкото место и на 50 метри од него, забрането е истакнување на симболите и пропаганден материјал на учесниците на изборите.
На денот на гласањето, во недела, 3 април, од 07:00 до 20:00 часот, дозволено е објавување извештаи за тоа каде гласале кандидатите, но не и нивни изјави. Изборниот молк треба да обезбеди сите пораки и ветувања да се решат за да можат, без дополнителен притисок, да размислат и да донесат одлука кога ќе гласаат.