Во Доха, Катар, се одржува конгрес на ФИФА, таму ја изгласаа суспензијата за Пакистан, Зимбабве и Кенија поради мешање на политиката во фудбалот.
Пакистан, Зимбабве и Кенија, се суспендирани се од сите меѓународни натпреварувања под раководство на ФИФА.
-Ова е порака и за сите национални федерации каде се чувствуваат политички влијание над фудбалот, и тоа буквално на сите континенти и тоа е недозволиво. ФИФА нема да го дозволи ова, никаде во светот, затоа што политиката апсолутно не смее да има никакво влијание врз фудбалот, порачаа од ФИФА.
Во Доха е и делегацијата на Фудбалската федерација на Македонија, предводена од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски.