понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ван Нистелрој на крајот на сезоната го презема ПСВ Ајндховен

Ван Нистелрој на крајот на сезоната го презема ПСВ Ајндховен

Поранешниот холандски репрезентативец Руд ван Нистелрој (45) од следната сезона ќе седи на клупата на ПСВ Ајндховен, каде како играч мина три години, од 1998 до 2001 година.

Ван Нистелрој на тренерското место во ПСВ ќе го замени Роџер Шмит, кому на крајот од сезоната му истекува договорот.

-Отсекогаш ми беше сон да бидам тренер на ПСВ. Работев на овој момент со години и сега е вистинско време за тоа, изјави Ван Нистелрој, кој го носеше дресот на клубот од Ајндховен на 90 натпревари на кои постигна 77 голови.

За поранешниот напаѓач на Ден Бош, Херенвен, ПСВ, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Хамбургер и Малага ова ќе биде прв вистински тренерски испит. Претходно, Ван Нистелрој во два наврати беше помошник тренер на холандската репрезентација, а беше тренер на младинскиот состав на ПСВ и на втората екипа на прволигашот од Ајндховен. (МИА)