Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека „има трема“ пред изборите в недела, но очекува повеќе од два милиона гласови во првиот круг.
-Сега можеби имам најголема трема за изборите од кога било досега … Би бил тажен ако не освојам 60 проценти, рече тој.
Во изјава за РТС Вучиќ додаде дека доколку победи на изборите ќе разговара за продолжување на соработката со коалициските партнери, но и ќе разговора со други партии.
Вучиќ додаде дека е „горд“ на работата на актуелната премиерка Ана Брнабиќ и оти наводите што се појавуваат во „одредени медиуми“ дека тој снима видеа против неговите политички противници се „лаги“, јави Бета. (МИА)