СВР Штип поднесе кривична пријава против К.А.(37) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
На 18.02.2021 во Штип, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени повеќе таблети „бупренорфин“, кои неовластено ги набавил заради продажба.