вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдена тракторска приколка натоварена со борови трупци без соодветна документација

Пронајдена тракторска приколка натоварена со борови трупци без соодветна документација

На 30.03.2022 во 02:00 часот, по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ОВР Берово во содејство со екипи на Шумско стопанство „Малешево“ Берово, на место викано „Робан“, атар на с.Русиново, беровско, била пронајдена тракторска приколка натоварена со борови трупци без соодветна документација.

Од екипи на Шумско стопанство  „Малешево“ приколката со дрвата била одземена за понатамошна постапка.

Извршен бил увид од ОВР Берово на местото на настанот.