среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украина и Русија разменија заробени војници

Украина и Русија разменија заробени војници

Украина денеска размени 86 војници со Русија, изјави висок претставник на официјален Киев.

-Размената штотуку се случи. 86 војници на Украина, вклучително и 15 жени, се веќе безбедни, соопшти Кирило Тимошенко, заменик началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео-порака на Телеграм.

Тимошенко исто така рече дека размената се спровела според договорите на преговарачките групи.  (МИА)