сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ужас во средно училиште: Пукање со пушка, рането 16-годишно девојче

Ужас во средно училиште: Пукање со пушка, рането 16-годишно девојче

Вечерва нешто пред 19 часот пред средното сообраќајно училиште на улицата „Шумадијска“ во Нови Сад дошло до пукање од воздушна пушка.

-16-годишно девојче е погодено во левата рака, дознава 192.rs.

Според д-р Зоран Круљ, портпарол на брзата помош во Нови Сад, нивната екипа добила повик од полиција во 18 часот и 52 минути.

Девојчето во свесна и стабилна состојба е пренесено на хируршкото одделение на детската болница за понатамошна дијагноза и лекување.