Во Унгарија утре ќе се одржат парламентарни избори на кои актуелниот премиер Виктор Орбан ја бара довербата од граѓаните за четврт последователен мандат.
Според најновите анкети на јавното мислење, партијата „Фидес“ на Орбан има предност во однос на опозицискиот сојуз предводен од кандидатот за премиер Петер Марки-Зај кој е актуелен градоначалник на град во јужна Унгарија.
Орбан е на власт од 2010 година. Унгарија има комбиниран изборен систем: од 199 пратенички места во парламентот, 106 се избираат директно во изборните единица, а 93 од партиските листи ширум земјата.