среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Руските сили минираат куќи и опрема, дури и тела на загинати

Зеленски: Руските сили минираат куќи и опрема, дури и тела на загинати

Во ноќното обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека воената состојба на истокот од земјата  натаму е многу тешка. Вели дека руските трупи на северот се повлекуваат „бавно, но забележливо“.

Предупреди дека се подготвуваат за нови жестоки напади во Донбас.

-Тешки борби се пред нас. Не можеме да размислуваме дека веќе сме ги минале сите тестови, истакна Зеленски додавајќи дека над 3.000 лица се евакуирани од Мариупол.

Украинскиот претседател вели и дека руските сили создаваат вистинска катастрофа.

-Ја минираат цела територија. Минираат куќи, опрема, дури и тела на загинати. Поставија многу жици, а со себе оставија и многу други опасности, вели Зеленски и додава дека Украинците ќе треба да почекаат додека не се уверат дека мините се исчистени и дека опасноста од гранатирање е помината пред да се обидат да продолжат со нормален живот.