вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Полска од Украина од почетокот на војната избегале 2.437.000 луѓе

Во Полска од Украина од почетокот на војната избегале 2.437.000 луѓе

Вкупно 2.437.000 луѓе ја напуштиле Украина во Полска од почетокот на војната, соопшти денеска полската гранична служба.

Како што пренесува Би-Би-Си, бројот на граничните премини е значително намален, а сè поголем број луѓе се враќаат во Украина.

Од почетокот на војната од Украина преку Полска влегле 421.000 луѓе, а само вчера 15.000.

Според податоците на ОН, повеќе од 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари. (МИА)