сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ерик тен Хаг не ја исклучува можноста да седне на клупата на Јунајтед, но фокусот му е во Ајакс

Ерик тен Хаг не ја исклучува можноста да седне на клупата на Јунајтед, но фокусот му е во Ајакс

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, не ја исклучи можноста во иднина да седне на клупата на Манчестер јунајтед, но нагласи дека во моментов е фокусиран на ангажманот во Ајакс и претстојното дерби во холандското првенство против ПСВ Ајндховен.

– Моментно сум фокусиран на Ајакс, но во фудбалот ништо не се знае. Не сакам ништо да исклучувам. Во моментов сум вработен во Ајакс. Пред нас е крајот на сезоната и за тоа ми е потребна целата енергија. Сè друго би ме попречувало во работата, изјави Тен Хаг за германскиот „Спорт 1“.

Тен Хаг и Манчестер јунајтед веќе одржаа официјални преговори, кои се опишани како „многу позитивни“, но до евентуален договор за соработка двете страни се сè уште далеку.

– Манчестер јунајтед е прекрасен клуб со прекрасни навивачи, но можам само да се повторам – целосно сум фокусиран на Ајакс. Веќе ја планираме и следната сезона, посочи Тен Хаг.

Британските медиуми пренесуваат дека холандскиот стратег не е единствениот кандидат за нов тренер на Манчестер јунајтед,

Тренерот на ПСЖ, Маурисо Покетино, шпанскиот селектор Луис Енрике и стратегот на Севиља, Хулен Лопетеги, исто така, се меѓу кандидатите. (МИА)