сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

„Власта се луксузира, а пари во Буџетот нема за поголеми плати за вработените во образованието – Ковачевски призна дека нема да има зголемување на платите“

„Власта се луксузира, а пари во Буџетот нема за поголеми плати за вработените во образованието – Ковачевски призна дека нема да има зголемување на платите“

Власта се луксузира со нов мебел, нови возила, енормно троши за непродуктивни трошоци, а нема пари за зголемување на платите на вработените во образовниот процес. Ковачевски призна дека нема пари во Буџетот за платите на наставниците, професорите и воспитувачките во градинките, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека образовниот, здравствениот и воспитувачкиот кадар во градинките заслужуваат повисоки плати.

– Потребно е веднаш да се усогласат платите на овие сектори со колективните договори. Власта е глува за барањата на наставниците, професорите и воспитувачките во градинките за покачување на платите. Ако се почитува колективниот договор кај професорите и наставниците, нивните плати ќе достигнат и до 45 илјади денари, се вели во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на вработените во образовниот систем, бидејќи тие заслужуваат поквалитетен живот и подобар стандард.

– Владата мора да ги зголеми и платите во здравствениот систем. Токму поради лошите услови и малите плати се повеќе здравствени работници ја напуштаат државата. Потребно е и зголемувања на платите и во другите области, и раст на платите соодветен на минималната плата. Во услови кога во државата секој ден има зголемување на инфлацијата и опаѓање на животниот стандард, потребни се итни и реални мерки од страна на владата на администраторот Ковачевски, додаваат од партијата.