Карлос Алкарас е победник на Мастерсот во Мајами и тоа откако вечерва во завршниот меч на турнирот го доби шестиот носител Каспер Руд со 2-0 во сетови (7-5, 6-4).
Ова за младиот Шпанец е најголем успех во досегашната кариера, победа со која го собори рекордот на Новак Ѓоковиќ во Мајами, односно со 18 години стана најмладиот тенисер кој успеал да ја подигне титулата на оваа сцена.