петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ со помош од 17 милијарди евра за бегалците од Украина

ЕУ со помош од 17 милијарди евра за бегалците од Украина

ЕУ донесе одлука да пренасочи дека од своите кохезивни фондови за помош на бегалците од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Законските измени се усвоени денеска во Советот на ЕУ и ќе овозможат пренасочување на дел од кохезивните фондови на ЕУ и од средствата од Европската помош за најранливите кон лицата кои бегаат од војната во Украина.

ЕУ порача дека оваа “брза измена на законодавството“ е доказ за “постојната солидарност на ЕУ со бегалците од Украина“ како и со земјите кои ги примаат овие бегалци, пред сѐ земјите соседи на Украина.

Средствата треба да се искористат за здравство, сместување и образование. (МИА)