вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Тешко е да се преговара со Русија по масакрот што го извршија во Буча

Зеленски: Тешко е да се преговара со Русија по масакрот што го извршија во Буча

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети Буча, место каде веќе неколку дена пристигнуваат снимки и фотографии од телата на убиените цивили на улиците.

Тој кратко разговараше со новинарите кои го следеа, велејќи дека е „многу тешко да се преговара со Русија по масакрот што го извршија руските сили во Буча“.

„Масакрот во Буча ја покажува природата на руската армија“, рече Зеленски, додавајќи дека „тие се однесуваат со луѓето полошо од животните“.

Тој предупреди дека ситуацијата ќе се влошува „колку повеќе Руската Федерација ги одложува преговорите со Украи на“.