Македонскиот репрезентативец, Висар Муслиу се најде во идеалниот тим на колото во втората германска Бундеслигата во изборот на реномираниот „Кикер“.
Стоперот одигра фантастичен меч за Инголшад во пресметката со Оје, средба на која неговиот тим забележа победа од 3-2, а во која тој успеа да се запише и во листата на стрелци во 28 минута.
Сето ова придонесе Висар за добие признание е „Кикер“, медиум кој важи за еден од најдобрите, најпознатите во Германија.
Инаку Муслиу игра за Инголштад од оваа календарска година и на осум натпревари има дадено еден гол и заработено еден жолт картон.