четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Никола Серафимов повторно се најде во тимот на колото во Унгарија (ФОТО)

Никола Серафимов повторно се најде во тимот на колото во Унгарија (ФОТО)

Maкедонскиот репрезентативец Никола Серафимов игра во одлична форма во дресот на Залаегерсег во Унгарија. И овојпат, како во неколку пати претходно, нашиот репрезентативец се најде во тимот на колото.

За викендот тој играше против браќата Бабунски, Давид и Доријан во натпреварот против Дебрецен, па беше еден од „виновниците“ што браќата не успеаја да ја затресат мрежата на неговиот тим.

Инаку со Серафимов во тимот на Залаегерсег беше и Миловановиќ, уште еден Македонец на тој натпревар.