Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук за Би-Би-Си истакна дека руските сили убиле околу 320 цивили за време на окупацијата на град.
Посочува дека лично сведочел на убиството на неколку луѓе од страна на руските сили.
-Видов неколку случаи. Беа тројца цивили во автомобил и се обидуваа да се евакуираат кон Киев, тие брутално беа убиени. Имаше и трудница чиј маж вриштеше и молеше да не ја убиваат, но тие пукаат брутално кон неа, вели Федорук.
Навел дека руските сили „ловеле“ и локални политичари.