Повеќе луѓе загинаа откако три ракети погодија железничка станица во источна Украина, оштетувајќи згради и шини, соопшти денеска Државната украинска железница.
Во соопштението не се наведени детали за бројот на жртвите, ниту за локацијата на нападот.
Најмалку четири лица загинаа денеска во руски артилериски напад, а уште толку се повредени на пункт за дистрибуција на хуманитарна помош додека руските војници бомбардираа градови и железничка инфраструктура во источниот дел на Украина, соопштија локалните власти.