четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Летувањето се претвори во кошмар: Идната снаа на Брена наместо со нив на Малдивите остана на аеродромот, па се врати дома

Познатата пејачка Александра Пријовиќ заедно со своето момче Филип и неговото семејство утрово требаше да отпатуваат за Истанбул, а веднаш потоа и за Тајланд и Малдивите.
Летувањето се претвори во кошмар: Идната снаа на Брена наместо со нив на Малдивите остана на аеродромот, па се врати дома

Имено српските медиуми на големо пишуваат дека идната свекрва Лепа Брена, нејзините синови и сопруг отпатувале за Тајланд, но пејачката останала на аеродромот.

Инаку на аеродромот на Александра и соопштиле дека станува збор за проблеми со нејзината виза и дека нема можност тој проблем да се реши во тој момент и дека мора да се обрати во амбасада.

-Сите се среќни и подготвени за семејниот одмор, откако пристигнаа на аеродромот на Александра и рекоа дека има проблеми со визата и дека не може да отпатува. Прво таа мислела дека некој се шегува со неа, а откако сфатила дека само таа не може да отпатува започнала да самата да се смее, открива извор близок до пејачката.

Сепак во текот на денот таа го решила проблемот.

-Веднаш била во амбасада така што за многу брзо време ќе им се придружи и пејачката, додава изворот.

Инаку семејството освен во Тајланд ќе отпатува и на Малдивите каде што сите ќе поминат некое време.

Најнови вести