сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ТАЖНА ВЕСТ: Почина велосипедистот кој со тешки повреди беше донесен на Клиника

ТАЖНА ВЕСТ: Почина велосипедистот кој со тешки повреди беше донесен на Клиника
илустрација

Денеска (08.04.2022) во 09:55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „Климент Охридски” во Струмица, патничко возило „фолксваген голф” со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(18) од Струмица, со живеалиште во село Робово, удрило во велосипед управуван од П.Г.(75) од село Русиново, со живеалиште во Струмица.

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица, а подоцна во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.