вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Што зборуваше Заев пред само една година за името, а што зборува сега

ВИДЕО: Што зборуваше Заев пред само една година за името, а што зборува сега

За само една година ставовите на премиерот Зоран Заев драстично се сменија.

Тој во мај минатата година велеше дека за оние држави кои земјава ја имаат признаено под уставното име ќе останеме Република Македонија, а сега, откако на телефон се договори со грчкиот колега Алексис Ципрас, истакна дека на сите држави кои се членки на Обединетите Нации ќе им се испрати писмо дека уставното име е променето.

-Мислам дека 123 земји ја имаат признаено Република Македонија под уставното име. И ќе ги земам за пример Соединетите Американски Држави, што ќе им кажеме ние? Дека згрешиле кога Конгресот одлучил да не признае? Не, тоа е така, ние за нив сме Република Македонија и остануваме Република Македонија. Претпоставувам дека за земјите кои што не не признале, за нашиот јужен сосед мора да се изнајде некое решение за меѓународна употреба, истакна Заев на 5 мај минатата година.

Сега, откако телефонски се договорија со Ципрас, Заев за 180 степени го промени своето мислење. Сега тој ќе ги информира сите земји членки на ОН, и оние кои не не признале под уставното име, но и оние кои не признале, дека името на Република Македонија се менува во Република Северна Македонија.

-Кога Договорот станува валиден, а тоа значи прифатен од двете страни, тогаш се информира дека постои договор взаемно прифатлив за двете страни и се информираат сите 193, чинам беа, земји членки на Обединетите Нации, рече Заев на прес-конференцијата на која обелодени дека се договорил со Ципрас.

Изјавата од минатата година сепак не е единствена, неговиот став беше таков и во 2016. година.

-Зарем ќе и кажеме ние на Америка дека згрешија што не признаа под Република Македонија? Зарем Грција може да ја убеди Америка да признае грешка и другите 132 или 3 земји што не признаа?, рече заев во интервју во 2016. година.

Најнови вести