сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Венедиктова: Нападот во Краматорск е злосторство против човештвото

Венедиктова: Нападот во Краматорск е злосторство против човештвото

Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова денеска изјави дека утринскиот ракетен напад на железничката станица во источниот град Краматорск, што беше преполна со луѓе кои се обидуваа да се евакуираат, е „злосторство против човештвото“.

Во рускиот напад загинаа најмалку 50 лица, меѓу кои и пет деца, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.