вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски кажа власта дека има пари за луксуз и крадење, но нема за вработените во образование

Ковачевски кажа власта  дека има пари за луксуз и крадење, но нема за вработените во образование

Ковачевски ни рече дека има пари за перење на коли, а нема пари за наставниците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Има 930 илјади евра народни пари за физибилити студија на Мухамед Зекири, а нема за наставниците

Има 1.370.000 денари за мебел, 590 илјади денари за подароци и 350 илјади денари за цвеќиња во МНР, а нема за повисоки плати за вработените во градинките.

Има 530 илјади денари за ажурирање на веб сајт, 400 илјади денари за набавка на жардињери, и консултантски услуги 470 илјади денари во министерството на Артан Груби, а нема за професорите.

Има 700.000 денари за Секретаријатот за европски прашања на Маричиќ, а нема за повисоки плати за работниците.

Има 15.400.000 за канцелариски мебел во МВР кај Спасовски, а нема за усогласување на платите согласно минималната плата.

Има 2,5 милиони евра за набавка на нови луксузни автомобили, а нема за повисоки плати согласно Колективниот договор.

Има 37.000 евра за позлатен прибор во влада, но нема за вработените во образование.

СДСМ и ДУИ трошат милиони народни пари на луксуз и лоповлук, во период кога ги лажат работниците дека нема пари покачувањето кое им следува.

Реалноста е дека пари во Македонија има, само треба владата да престане да краде и да се луксузира, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести