недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кулеба: Немаше да има војна ако Украина беше членка на НАТО

Кулеба: Немаше да има војна ако Украина беше членка на НАТО

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба вчера изјави дека Германија и Франција во 2008 година направиле стратешка грешка кога се спротивставиле на членството на Украина во НАТО.

– Да бевме членка на НАТО оваа војна немаше да се случи, посочи Кулеба.

Тој ја обвини и Германија дека не пружила поддршка на Украина и оти сè уште размислува во категориите одбранбено и офанзивно оружје кога станува збор за воената опрема.

Да не изгубевме многу време во дискусиите за прашањето за одбрана од офанзивно оружје и за тоа што и треба и што не и треба на Украина, сега ќе бевме во друга позиција, во посилна позиција, наведе Кулеба.

Тој потенцира дека Украина предлага „фер договор“ со НАТО и со Западот.

– Дајте ни сè што ни треба. И ние ќе се бориме за да не треба да влегувате во борбата кога (рускиот претседател Владимир) Путин ќе одлучи да го тестира членот 5 од Северноатлантскиот договор, наведе Кулеба, додавајќи оти Украинците знаат како да се борат, но дека им треба оружје за да се борат против руските сили.