четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Истрага против дилер на дрога од Битола, дрогата ја криел во бебешка количка

Истрага против дилер на дрога од Битола, дрогата ја криел во бебешка количка

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-При претрес во домот на осомничениот на 8 април, во стан на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола, полицијата пронашла 24,77 грама марихуана, во стаклена тегла скриена во бебешка количка.

Осомничениот дрогата ја препродавал на наркозависници од Битола, за што е обезбеден доказ и во форма на вербални искази на сведоци, кои во периодот од 06.12.2021 до 08.04.2022 година набавувале марихуана и амфетамини од осомничениот, инфомираат од Обвинителството.

Поради опасност од бегство на осомничениот, можност за влијание врз сведоците и повторување на делото, јавниот обвинител пред надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор.​​