петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

50.000 евра премија за ракометарите за пласман на СП

50.000 евра премија за ракометарите за пласман на СП

Нашата најдобрата машка ракометна репрезентација ги одработува мини подготовки за престојниот мундијалски бараж двомеч против Чешка.

Откако во првата рунда од плејофот, нашите ракометари ја минаа Романија, сега последна пречка пред нов настап на СП што ќе се одржи следната година, е селекцијата на Чешка.

Во меѓувреме селекцијата се комплетира, со приклучувањето на интернационалците, па вечерва селекторот и капитен Кирил Лазаров на располагање ќе ги има сите ракометари кои се најдоа на неговиот последен список.

Кои ракометари утре ќе отпатуваат за Злин, Лазаров ќе реши по утрешниот утрински тренинг.

Првиот дуел против Чесите на програмата е во среда (13 април) со почеток од 20:15 часот, додека реваншот ќе се игра во недела (17 април) во СЦ Борис Трајковски од 19:00 часот.

За овој натпревар денеска се пуштени во продажба влезниците и тоа по цена од 100 денари, а УО на РФМ реши, како дополнителен мотив за ракометарите, да има парична награда во износ од 50.000 евра за пласман на Мундијалот во Полска и Шведска 2023.