вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Премија од 100.000 евра ќе поделат репрезентативците по ремито со Италија и победата над Малта

Премија од 100.000 евра ќе поделат репрезентативците по ремито со Италија и победата над Малта

За ремито со Италија (1:1) во Скопје, заедно со победата над малта на гости синоќа (0:2), македонските фудбалски репрезентативци ќе добијат премија во висина од 100.000 евра. Оваа сума ќе ја поделат сите кои беа дел од репрезенативниот собир во овој септемвриски квалификациски прозорец.

Македонија синоќа со головите на Елмас и Манев ја оствари втората победа во квалификациите, а со оној бод од дуелот рпотив Италија веќе се израмни на табелата со селекциите на Украина и Италија кои исто како и ние имаат по 7 освоени бода.

Македонија во октомври ја чека уште еден квалификациски дуел против селекцијата на Украина.