петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник крадел во автобус и стан, тој и родителите завршија во полициска станица

Малолетник крадел во автобус и стан, тој и родителите завршија во полициска станица

На 10.04.2022, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје и расчистиле разбојништво и тешка кражба.

Во присуство на родител и адвокат сo него бил извршен разговор и тој признал дека на 29.03.2022 во автобус на ЈСП со закана со остар предмет од друг малолетник одзел мобилен телефон и ранец. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот.

Исто така, тој признал дека на 25.03.2022 извршил кражба во стан на Ѓ.Н. и одзел пари, мобилен телефон и други предмети. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случаите против малолетникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.