Започнуваме со активности за расчистување на постоечката и формирање на нова каналска мрежа во делот на Стопански Двор кон Ново Село за одводнување на површинските води, информира градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
„На одредени локации ќе биде поставена и дренажа со цел одводнување.
На терен заедно ќе делуваат екипи на А.Д. Водостопанство и општина Ѓорче Петров, а во насока на решавање на овој децениски проблем.
Апелирам до местното население на одговорно однесување кон каналската мрежа, да не се ставаат препреки и да не се одлага отпад“ – напиша тој.