понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Верешчук: Мариупол ќе може да се напушти само со приватни автомобили

Верешчук: Мариупол ќе може да се напушти само со приватни автомобили

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу кои и од опколениот град Мариупол, но само со приватни автомобили.

Според неа пет од деветте коридори за евакуација се од областа Луганск, за што украинските власти тврдат дека е под силно гранатирање.

– Вкупно 4.354 лица вчера беа евакуирани од украинските градови преку хуманитарните коридори, објави Верешчук на Телеграм.

Меѓу нив има 556 лица кои вчера беа евакуирани од пристанишниот град Мариупол.