вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Дали е пронајден Матеј Периш? Се чека разврската на мистеријата за телото од Сава, труп во фаза на распаѓање врзан за сплав!

Дали е пронајден Матеј Периш? Се чека разврската на мистеријата за телото од Сава, труп во фаза на распаѓање врзан за сплав!

Откако медиумите објавија дека на 24-ти март во белградската населба Умка во ул. „Дан Борача“ бб во фаза на распаѓање е пронајдено машко тело врзано за сплав, во тек е обдукција и идентификација.

Како што известија српските медиуми повикувајќи се на институциите, поради високата фаза на распаѓање, за идентификацијата ќе треба да се чека наодот на вештачењето.

Резултатите од обдукцијата и идентификацијата ги чека и хрватската полиција, бидејќи се уште трае потрагата по исчезнатиот 27-годишниот Матеј Периш од Сплит.

Сè додека не се утврди официјално идентитетот, полицијата нема да ги соопшти информациите во јавноста.

Потсетуваме, Матеј Периш од Сплит исчезна во првите часови на 31 декември, кога го напушти белградскиот клуб.

Екипите на речната полиција трагаат по Матеј Периш повеќе од три месеци, користени се нуркачи и дронови, но неговото тело се уште не е пронајдено.

Полицијата во Србија во соработка со колегите од Хрватска ги проверила сите пријави на лица кои наводно го виделе Матеј, но се покажало дека ниту една од нив, за жал, не е точна.

Неодамна во Сава беше откриено тело, но обдукцијата покажа дека не е Матеј. Затоа со нетрпение се очекуваат резултатите од новото вештачење за пронајденото тело.