недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Интензивно се реконструираат пешачките патеки во Градски парк, асфалтирани над 5.000 квадратни метри

Интензивно се реконструираат пешачките патеки во Градски парк, асфалтирани над 5.000 квадратни метри

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов, денеска извршија увид и обиколка на реконструкцијата на патеките во Градскиот парк, каде изведувачките активности се во тек и според предвиденото веќе се завршени поголем дел од патеките.

„Интензивно се реконструираат патеките во Градскиот парк. Од почетокот на реконструкцијата до денеска вградена е нова асфалтна маса од 750 тони, а реконструирани се над 5.000 квадратни метри патеки во западниот дел од паркот“, истакна директорот на ЈП Улици и патишта.

Екипите на Градот Скопје и јавното претпријатие Улици и патишта продолжуваат со активности за одржување на постојната инфраструктура, реконструкција на пешачките патеки во Градскиот парк се врши во фази и на површина од 9.000 квадратни метри.

Веќе најголем дел од патеките се целосно реконструирани и асфалтирани, а граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација во текот на пролетните денови.