Во текот на вчерашната вечер (16/17.04.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 175 возачи.
Од нив 35 на територија на СВР Штип, 24 на територија на СВР Скопје, по 20 на територија на СВР Охрид и СВР Куманово…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.