вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анкетите покажуваат дека Макрон ќе победи во вториот круг од претседателските избори во Франција

Анкетите покажуваат дека Макрон ќе победи во вториот круг од претседателските избори во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе победи во вториот круг од претседателските избори со 56 отсто од гласовите, покажуваат денеска објавените анкети.

Според резултатите од анкетата што ја спроведе Ипсос-Сопра Стериа за потребите на неколку француски медиуми, противкандидатката Марин Ле Пен во вториот круг би освоила 44 отсто од гласовите.

Истражувањето е спроведено од 15 до 18 април на примерок од 1.682 испитаници на возраст над 18 години, се дознава од интѕернет страницатана Ипсос- Сопра Стерија. (МИА)